Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција информираше дека на Инфективната клиника се чека резултат од тест за корона-вирус на уште една патничка која слетала од Рим, а која побарала помош.
Во однос на луѓето кои патуваа со комбе со заразената патничка која се лекува на Инфективната клиника, освен осуммината кои патувале со заболената, во изолација се наоѓаат и плус четворица членови на семејството со кои тие имале контакт, така што вкупно во изолација се 12 лица, а помеѓу нив и две деца.
Семејствата во нивните домови се под надзор на полиција кои се соодветно заштитени. Храна на овие лица им се доставува преку Црвен Крст, кои постапуваат по препораки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?
Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки
СЗО Европа: Македонија ги спроведува препораките, нема потреба од паника