еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 8.400

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Турција и Сирија надмина 8.400.

Британските медиуми пренесуваат дека спасувачите соопштуваат дека бројот на жртвите во северозападна Сирија, дел од земјата што е под контрола на опозицијата, се зголемил на повеќе од 1.280.

Спасувачкиот тим на невладината организација „Бели шлемови“ соопшти дека во тој дел на Сирија, што не е под контрола на владата, се повредени над 2.600 лица.

Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми, бидејќи стотици семејства се уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

Сирискиот министер за здравство синоќа соопшти дека бројот на жртвите во делот на земјата под контрола на владата се зголемил на 1.250, пренесе државната агенција Ал-Икбарија. Според него, повредени се 2.054 лица.

Претходно во Турција беше потврдено дека во земјотресот во таа земја загинале 5.894 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Птици и кучиња предупредија за земјотресот во Турција и Сирија

Потресно видео од девојче кое го штити братчето под урнатите по земјотресот во Сирија го обиколи светот

МИА/Фото/Твитер: @AMJalsevac

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени

Редакција

Финска ги суспендира летовите од Скопје поради патници со Ковид-19 кои доаѓаат од Македонија

Редакција

Во рамките на МОТ, почнуваат претставите од селекцијата за наградата БИШ

Редакција