Соседна Бугарија доби нова влада, која ќе ја предводи Кирил Петков, еден од лидерите на „Продолжуваме со промената“, пренесуваат бугарските медиуми.
За неа во бугарскиот Парламент гласаа 134 пратеници, а против 104.
Против гласаа пратениците од ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи и „Преродба“.
Во своето обраќање во делот на надворешната политика, Петков ја спомна и Македонија.
-Треба да бидеме конструктивен партнер во ЕУ и НАТО. Да се бориме за превласт на правото и тој да биде поврзан со европските фондови. Силата на дипломатијата и мирното решавање треба да бидат бугарски приоритет. Огромен ангажман треба да биде добрососедството со Република Северна Македонија, рече тој.
Петков меѓудругото најави и нулта толеранција за корупцијата, смена на главниот јавен обвинител и реформи во обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија.
Фото: Радев/Фејсбук