еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Македонија, вели бугарскиот претседател Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од претседателот на Европарламентот, Сасоли.

Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија, со фокус на политиката на проширување.

Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија.

Румен Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 регистрирани нови 329 случаи на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 58

Редакција

На Ременски ќе и се суди заедно со Боки 13, одобрено обвинението за случајот „Рекег 2“

Редакција