еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарскиот министер Стоев: Мониторинг од ЕУ е гаранција дека Македонија ќе ги исполнува договорите

Бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев денеска истакна дека нивната политика кон Северна Македонија е доследна и оти предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.

-Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина.

Тој мониторинг од страна на ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Тоа е тактиката, стратегијата. Ние очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република С Македонија, рече Стоев.

Како добра можност за дијалог за билатералните односи ја оцени заедничката посета на претседателите на Бугарија и на Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски, кои заедно во Рим ќе го чествуваат денот на светите браќа Кирил и Методиј.

За време на презентацијата на својот тим, Стоев претходно најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара.

– Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји, рече министерот Стоев.

Новиот бугарски министер за надворешни работи најави дека ќе има двајца заменици министри – Румен Александров и Зарица Динкова.

Александров ќе работи на приоритетите во областа на договорните односи и рамката за преговори со Република Северна Македонија, и процесот на проширување на Европската унија. Александров беше заменик министер за надворешни работи и во периодот од 2014 до 2016 година, а до неодамна беше амбасадор на Бугарија во Кралството Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да ги почитува човековите права и рекол Радев на претседателката на Европската комисија

МИА/Фото: Фејсбук/Стоев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Редакција

„Тојота авто центар“ го доби тендерот на ЗЕЛС за набавка на возило

Редакција

83 нови случаи на Ковид-19 од 700 тестирања, во Скопје 44

Редакција