Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија.
Радев кој е во Рим заедно со претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј, рече дека овој негов став му го кажал повеќепати на неговиот македонски колега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски за спорот со Бугарија: Во овој момент сум реалист и умерен оптимист
(ВИДЕО) Како Пендаровски го пречека на скопскиот аеродром бугарскиот претседател Радев
– Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија.
Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев за бугарските новинари кои ја следат неговата посета на Рим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Кабинет на претседателот/МИА