„Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе.“
Ова го одговорило Министерството за надворешни работи на Бугарија на прашања на софискиот дневен весник Труд во врска со последните случувања во Европската комисија со блокадата на Македонија, но и тоа што ЕУ не ги усвои заклучоците за проширувањето, бидејќи Чешка и Словачка не се согласија со нацрт-извештајот оти сметаат дека има „елемнти на фалсификување на историјата„.
„Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство“, изјавиле од бугарско МНР при што најавиле дека Бугарија нема намера да ги промени нејзините позиции.
Германското претседателство завршува на крајот на годината, а во првите шест месеци следната година ќе претседава Португалија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешко МНР: Нацрт-текстот за проширувањето содржи термини за фалсификување на историјата
Фото: МИА