еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Цела листа: Утврдени нови имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот

Владата на својата 124. седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

„Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена  на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страни, медиуми, итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен“, се вели во соопштението.

Нови имиња добиваат Службен весник, Македонија пат, МРТВ, Танец, МНТ, Врховниот суд, Јавното обвинителство, Државниот архив, Македонската филхармонија, Уставниот суд, МКЦ, Аеродроми на Македонија…

Целата листа можете да ја видете ОВДЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Главниот град на Литванија стана големо кафуле на отворено, а аеродромот во Вилнус драјв-ин кино

Редакција

Драстичен раст: 1.964 нови случаи на Ковид-19 од 7.724 тестови

Редакција

Груби ќе предава новинарство, Османи ќе оперира, Пенов во пензија, Гркова се вратила во МВР

Редакција