Собранието со 68 гласа „за“ денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка.
Законот предвидува склучување на трет анекс на Договорот за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 179 милиони долари.
Фото: Министерство за транспорт и врски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.