Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 67 денари за литар, „еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 69 денари, „еуродизел“ за 61,5 денари.
Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на цената на светскиот пазар во изминатата недела кај бензинот за 0,85, а кај дизелот за 1,21 отсто, како и за 0,43 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.