еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

Вчера во Македонија беа регистрирани нови 111 случаи на заразени со Ковид-19, од кои 63 се во Скопје.

Во Македонија има 1.226 активни случаи, од кои половина или 658 се во Скопје.

Скопската општина Чаир, во која како што објавија медиумите не се почитувал и овој полициски час е рекордер и таму според Министерството за здравство има 152 активни случаи на Ковид-19.

Единствено Штип има повеќе активни случаи од Чаир, 174.

Но, треба да се има во предвид дека Штип, како и другите градски општини во рангирањето опфаќаат плус неколку рурални општини.

Општини во Скопје кои имаат над 50 активни случаи се Бутел, 59, Гази Баба, 58, Аеродром, 53, Сарај, 52, и Центар, 52.

Според последните податоци објавени вчера оваа се општините каде моментално има активни случаи: Куманово има 140 активни случаи, Дебар, 1, Прилеп, 27, Тетово, 119, Струга, 25, Велес, 30, Битола, 3, Охрид, 14, Кавадарци, 1, Гостивар, 29, Гевгелија, 2, Струмица, 2, Крива Паланка, 1, Кочани, 20, Пробиштип, 3, Берово, 1, Валандово, 2, Виница, 1, Кратово, 1, Свети Николе, 2, Кичево, 1, Неготино, 7 (дел од нив се жители на Демир Капија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 лица од новозаразените 111 со корона вирусот со претходни заболувања

„Одлежавме повеќе од Грујо, Горде, Миле и Катица заедно„: Твитер реакции за полицискиот час

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Редакција

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Редакција

Соништата од Широк Сокак се остварија во Словенија: Успешната приказна на д-р Ружица Мирчиќ Дорески

Редакција