еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул Анѓушев

Почесниот конзул на Малта во Македонија, Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот на Малта, како и продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија.

Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.

Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004 година.

Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец загина во сообраќајка во Малта, Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на неговото тело во Македонија

Редакција

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Редакција

Д-р Даниловски: Симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка, стари лица со хронични болести се со ризик да завршат во болница

Редакција