еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четири институции дале позитивно мислење за да избеганиот украински политичар добие македонско државјанство, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека украинскиот политичар добил позитивна проверка за добивање македонско државјанство од четири институции и оти Владата, која има дискрециско право, донела одлука да му се даде државјанство.

-Добивање државјанство по член 11 од Законот за државјанство, значи не е државјанство кое што го донесува МВР, туку Владата. МВР практично ги прибира сите документи. Станува збор за предмет којшто добил позитивни оцени од четири релевантни институции во државата.

На крајот се носи на Влада, Владата има дискрециско право да даде или да одбие државјанство на кој било, којшто аплицирал во овој дел. Сите проверки кои што се од сите четири институиции се позитивни, рече Спасовски.

Според него, позитивно мислење за добивање државјанство во конкретниов случај дале Агенцијата за национална безбедност, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт.

Запрашан за меѓународната потерница по него, рече дека меѓународната потерницата не е само кај нас, односно кога се распишува, се распишува на Интеропол и таа важи за цел свет.

-Јас кажувам какви се документите. Не може да одговараме и да правиме констатации, перцепции во јавноста на шпекулации. Треба да ги правиме врз основа на документи. Документите коишто биле доставени, се направени од релевантни институции и тие биле позитивни. Ако беа негативни ќе ви кажев дека се негативни, меѓутоа се позитивни, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донела одлука да му додели државјанство на украинскиот политичар врз основа на мислењето на релевантните институции, вели Ковачевски

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваaт 283

Редакција

Филипче: Агатангел да го повлече повикот да се посетуваат храмовите

Редакција