еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четворица македонски државјани евакуирани од Судан

Во текот на вчерашниот ден од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица државјани на Македонија, информира денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што МНР и упатува искрена благодарност.

Евакуираните македонски граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија, а нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со саудиските власти во насока за нивно враќање во земјава.

Од МНР наведуваат дека до сега од Судан се евакуирани вкупно 4.879 лица, од кои 139 се Саудијци, а останатите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. Од нашиот регион освен од земјава, евакуирани се и државјани на Грција и Босна и Херцеговина.

– Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса [email protected], се додава во соопштението на МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите

Редакција

Турција очекува Македонија да протера лица и да затвори училишта поврзани со ФЕТО, која ја смета за терористичката организација

Редакција

Средба на Ковачевски и Мицкоски во среда

Редакција