Љубица Спасковска, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија на Фејсбук се огради од изјавите на премиерот Зоран Заев, дадени во интервју за бугарски медиум.
„Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза.
Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947„, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Спасковска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.