еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

За тие што ќе летуваат во Црна Гора, на сила се две ковид-мерки

Владата на Црна Гора ја продолжи важноста на епидемиолошките мерки против корона вирусот за уште 14 дена, со тоа што во зависност од епидемиолошката состојба, ќе може да се коригираат, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Препораката до сопствениците на туристичките компании, рестораните и хотелиерите е сите вработени да носат заштитни маски, со цел да се спречи и одржи работата во текот на летната туристичка сезона.

Се препорачува и носење маски на аеродромите, железничките и автобуските станици, како и на сите места каде има гужва.

Оваа препорака особено се однесува на хронични пациенти, постари и имуно-компромитирани лица.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Квалитет-пром“ го доби тендерот на ГА-МА за набавка на цевки вреден 574.000 евра

Редакција

Во последните три дена, 66 нови случаи на Ковид-19, 66 оздравени, нема починати

Редакција

Шеста жртва на коронавирусот во Грција, потврдени 464 заразени случаи

Редакција