Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Kовид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Kовид-19.
СЗО ја информира јавноста дека бројот на смртни случаи од коронавирусот насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа.
Најголем број нови случаи низ Европа е регистриран во Русија, Германија и во Обединетото Кралство.
МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.