еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Црниот биланс од земјотресот во Албанија достигна 49 жртви

Во земјотресот во Албанија загинаа 49 лица, од кои 25 во Драч, 23 во Туман и едно во местото Љач, информира премиерот Еди Рама.

Тој соопшти дека во Драч 1.260 луѓе се надвор од своите домови. Некои од нив се сместени во хотели и во школски сали, а дел се во шатори или кај свои блиски.

Во Туман околу 500 луѓе се сместени во шатори и подоцна ќе бидат сместени во хотели, а во Тирана надвор од домовите се 3.480 луѓе кои останеле без покрив на глава и се сместени во приватни центри, шатори или кај блиски.

Рамa додаде дека во Драч се оштетени преку 700 станови од кои 12 потполно, а оштетени се и 176 згради. Во Тирана оштетени се 230 станови, од кои 15 потполно, а 8 згради се надвор од функција, преку 60 се тешко оштетени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимки од дрон по катастрофалните земјотреси во Албанија

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Земјотреси во Албанија го стресоа Балканот, силно почуствувани и во Македонија

Фото: The Independet

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, велат од ТАВ Македонија

Редакција

(Видео) Гол маж трчаше низ Охрид

Редакција

Пријавени над 130 случаи на оштетени поради поплавите и пожарот во Тетово

Редакција