еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Црвените линии“ омилена реплика на македонските премиери

Премиерот Зоран Заев по средбата со координативното тело за помирување и интеграција во Собранието денеска изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение и додаде дека волја и желба постојат, но дека црвените линии не смеат да се поминуваат, како што рече „за да не ни падне на памет да влијаеме врз правосудниот систем“.

Интересно е што во 2015 година, неговиот претходник, а сега бегалец и политички азилант Никола Груевски од позиција на премиер на Владата изјави дека доколку опозицијата (СДСМ) е конструктивна како што е ВМРО-ДПМНЕ навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК

„Нашите црвени линии се секогаш Уставот, законите и волјата на граѓаните“, рече тогаш Груевски.

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе дваесетина години си играат пинг-понг во улогите на власт и опозиција се чини дека единствени линии кои се црвени се граничните, кои поцрвенеја од бегањето на младите македонски граѓани во странство.

Тие навреме сфатија дека ќе помине долг период ако не и цел животен век додека двете најголеми партии во земјава наместо за црвени линии ќе почнат вистински да работат на „розова“ иднина за нашите поколенија наместо да гледаат да приграбат што повеќе додека се на власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има согласност за помирувањето, но не смеат да се поминат црвените линии, вели Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излезноста до 17 часот е 44,18‚%, за 9% повеќе отколку на претходните претседателски избори

Редакција

Министерот Сали уверува дека проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари

Редакција

(Фото) Атиџе за новата куќа доби трпезарија во медова боја

Редакција