еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Петличковски: Во Македонија од пред неколку недели доминира стелт омикронот, кој е позаразен

„Во моментов во државата доминира стелт омикронот-БА2, дојден е пред неколку недели, а делта-сојот воопшто го нема“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во интервју за „Макфакс“.

Според него, новиот сој на стелт омикронот е позаразен, но со иста клиничка слика од претходниот и тоа, како што оценува, не остава простор за поголема загриженост и паника меѓу населението.

„Лично не мислам дека во иднина ќе има нова варијанта на ковид која ќе биде загрижувачка“, вели Петличковски, додавајќи дека сепак треба да бидеме претпазливи.

Првиот човек на Комисијата за заразни болести не очекува дека кај нас ќе има нов пик на пандемијата, туку според него, „тоа ќе биде една продолжена опашка од пикот кој е во залез“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Редакција

(Фото) Во Скопје се тркаа дедомразовци

Редакција

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во Македонија, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Редакција