еМагазин
Image default
Македонија

ТВ дуел: Да се засрамите од моите лузни му порача Заев на Мицкоски, за лидерот на опозицијата казните за 27 април се драконски

Вечерашниот прв телевизиски дуел помеѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“ почна со жестока дебата за состојбите во правосудството и Законот за јавно обвинителство.

Заев кажа дека не се согласува со тврдењата на опозицијата дека со Маршот за правдата што го организира СДСМ, потврдиле дека потфрлиле на главното ветување дека ќе ја донесат правдата.

Во дебатата тој истакна дека судиите и обвинителствата се независни институции, и дека власта не се меша во нивната работа, како пред 2017 година. Им порача на судиите дека нема да се дозволи да застарат предмети, да се враќаат повторно од почеток, да се чуваат во фиока.

-Судиите и обвинителствата се независни институции, власта не треба да се меша, како што тоа беше до 2017, па ние се боревме против тоа, судовите треба да судат врз основа на докази па и да донесуваат ослободителни пресуди, порача Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека се чуди на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години за реформа во правосудството, кога тој лично го водел телото за реформи.

„Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле,“ рече Мицкоски.

Според него, ако порано судството беше познато како „Сваровски“ судство, денеска е „Луј Витон“ судство.

Заев во дебатата го повика Мицкоски да се огради од Никола Груевски, посочувајќи дека тоа е како да ја слуша истата „матрица“ и како постојано да го слуша Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски,“ рече тој и го повика Мицкоски да се огради од Груевски.

За обвинувањата дека Груевски се уште владее со партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му рече на Заев дека е опкружен со соработниците на Груевски и оти тој нема контакти со него.

„Господине Заев се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на М се сеќавате. Седите во барокната фотелја и во неговиот кабинет, седевте до скоро, се надевам дека нема да ја имате повторно таа можност. Опкружени сте со соработниците на Груевски, официјално и неофицијално, тие што се во вашиот скут. Вие сте опседнати со Никола Груевски. Оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема,“ рече Мицкоски.

Во однос на случувањата на 27 април Мицкоски оценува дека драконско се изречените казни.

„Имаме луѓе кои сториле многу поголеми кривични дела, а не одговараат на начин како што одговараат овие луѓе кои се обвинети и осудени, недозволливо. Вие го имате човекот кој ја отвори вратата на Собранието на 27 април, амнестиран затоа што му требал на Заев. И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и сме хибриден режим и зошто луѓето си одат. Тој што ја отвори вратата е невин, а останатите се виновни,“ рече Мицкоски.

Заев го негираше тврдењето на Мицкоски и рече дека во процесот на помирување што го отвориле во Парламентот со луѓе кои сакале да се помират, е донесен Закон за таа работа. Тој го обвини Мицкоски дека држи морални предавања за настан на кој тој бил учесник во толпата.

„Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно, а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас. Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму,“ порача Заев.

Додаде дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за национална безбедност ги демантира наводите за апсења на нивни вработени

Редакција

Заев направи мал чекор во вистинската насока, ако се продолжи вака, следната година може да зборуваме за старт на преговорите, порача Каракачанов

Редакција

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Редакција