еМагазин
Image default
Балкан

Дали е „ладнокрвно убиен“: Грчките медиуми се сомневаат во албанската верзија за убиството на Кацифас

Убиството на етничкиот Грк, Константинос Кацифас (35) во Албанија е топ тема во грчките медиуми.

Како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, медиумите во нивното покривање на инцидентот, кој предизвика тензии во односите помеѓу двете членки на НАТО, воглавно се сомневаат во официјалната верзија на албанскта полиција.

Според таа верзија тој прв почнал да пука кон полицијаците, кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено во селото Буларат, кое се наоѓа во близина на албанско-грчката граница.

Потоа тој побегнал во околните ридови, каде продолжила меѓусебната пресметка, која траела околу 30 минути, по што тој бил убиен, бидејќи давал отпор за да биде уапсен.

Локалното население за тамошните медиуми пак коментира дека тој не требало да биде убиен, туку уапсен, а грчките медиуми коментираат и дека властите во Албанија се уште не објавиле видео снимка од инцидентот, која би одговорила на многу прашања.

За локалните грчки здруженија пак убиството на Кацифас дефинитивно е „ладнокрвно“.

Од здружението Омнија, политичко и културно здружение, кое ги застапува правата на грчкото малцинство во Албанија ја обвинија албанската полиција за „ладнокрвно“ убиство и посочуваат дека полицијата не ги искористила сите средства за да тој биде уапсен, а не убиен.

Кацифас според официјалната верзија на албанската полиција е убиен со два куршуми во градите, што за грчките медиуми и локалното население во овој дел на Албанија, каде живеат поголем број на етнички Грци, е уште една потврда дека тој е „ладнокрвно“ убиен.

Пријател на Кацифас, Пателис Папистас, за телевизијата Антена1 вели дека траги од крв биле пронајдени на ридовите околу селото, на растојание од 60 до 70 метри.

„Ова јасно укажува дека тој бил влечен до местото каде конечно бил „ладнокрвно“ убиен“, вели Папистас, кој вели и дека неговиот пријател не бил луд, како што изјави албанскиот премиер Еди Рама и дека Кацифас бил и дел од протестите за името Македонија.

Албанија ги отфрла овие обвинувања и сомнежи за истрагата, а грчката полиција пак соопшти дека е подготвена да се вклучи во истата. Медиумите пишуваат и дека најверојатно ќе има и независна истрага.

Во меѓувреме албански медиуми објавија дека Кацифас бил член на Златна зора, а дел од грчките, дека тој бил уапсен во 2009 година за трговија со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на убиениот Грк во Албанија: „Мојот син никогаш немаше проблем со полицијата, само сакаше да го подигне грчкото знаме„

(ВИДЕО) Објавена снимка од престрелката на убиениот Грк со албанската полиција

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

Фото: Кацифас/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Неверојатно: Австралиски каскадер во Миконос возеше мотор по вода

Редакција

Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц

Редакција

Грчка влада: Во соседната земја беше направен историски чекор

Редакција