Во гостување на телевизијата 1ТВ, поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека: „мораме да си поставиме сериозни прашања од безбедносен аспект – дали „Илија Громовник“ е еден човек или група луѓе кои организирано дејствуваат за да го користат јавното мислење само за дестабилизација на политичките процеси и клима во државава.
“Треба да си го поставиме прашањето дали се уште се преземаат мерки за следење на комуникација на актуелни функционери, дали некој друг можеби располага со снимките коишто беа објавувани преку бомбите и како ги користат тие материјали? Дали е тој материјал нов“, рече Богоевски.
Според него, ако постои јавен интерес, снимките треба да бидат објавени, но евентуалниот објавувач прво треба да се обрати во институциите.
Сепак, за „бомбата“ што беше објавена лично за него од Будимпешта од „Илија Громовник“ се сомнева во таксистот, а не дека службите следат комуникации.
„Кога беа објавувани “бомбите“, беше бидејќи институциите молчеа на очигледните злоупотреби и индиции за сторени кривични дела. Овде имаме директно објавување во јавноста и ставање на тапет и пред јавен линч“, вели Богоевски за 1ТВ.
Тој смета дека објавувањето на снимката, без разлика дали е навистина од Будимпешта, е порака пред седницата за одземање на мандатот на побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски.
„Го примив како порака и тоа беше голем дел од причината зошто одлучив да чекам до самата седница за да ја соопштам одлуката за повлекувањето на тој начин. Сакав да им го превртам наративот на глава и мислам дека успеав„, изјави Богоевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?
(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот
МВР откри кој стои зад новите “бомби“
„Илија громовник“ доби конкуренција: „Експлодираа“ нови бомби
Фото: Фејсбук/Богоевски