еМагазин
Image default
Македонија

Дали СЈО може да покрене обвинение по 18 месеци: Општа седница на Врховен суд

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.

-Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Оттаму велат дека во Судот се примени и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница.

Адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство (СЈО) може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Висат“ осум истраги на СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател ако се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Видео) Шумски пожар беснее над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

Редакција

Кои се новите членови на Комисијата за одликувања и признанија на претседателката Сиљановска Давкова

Редакција