еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Даночниот експерт Павле Гацов објаснува како функционира повратот на ДДВ за „Викендот без ДДВ“

Даночниот експерт Павле Гацов на неговиот фејсбук-профил објави, како функционира повратот на ДДВ за „Викендот без ДДВ“.

„Директно. Ја плаќаш фискалната сметка. Во неа има ДДВ. Твоето ДДВ оди на твоја сметка и од таму ти се враќа ДДВ-то што си го платил назад на твојата пријавена банкарска сметка.

На што сега би се распоредиле планираните буџетски расходи останати непланирано како вишок од повратот на ДДВ? На ништо! Не постои вишок. Види погоре: Не се собрани планирани буџетски приходи за истите да се трошат и прераспоредуваат. Тие не се уплатени и затоа ги нема за трошење.

И ако беа уплатени ќе им се вратеа на плаќачите граѓани. Кај оваа мерка буџетот е само одраз во огледало: приходи = расходи. Граѓаните сами си го обезбедуваат повратот на директен начин, твоите пари ти се враќаат тебе, ефектот по буџетот е анулиран. Буџетот би имал ефект од зголемените приходи на трговците преку евентуално повисокиот данок на добивка,“ објаснува Гацов.

Инаку, од УЈП вчера информираа дека во „Викендот без ДДВ“ остварен е промет од 558.176.715 денари (9.120.534 евра) со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари (1.087.056 евра).

Владата пак, за оваа прва мерка од четвртиот сет антикризни мерки предвидуваше дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Прашан за потфрлувањето на проекциите, премиерот Зоран Заев рече „причините се комплексни“, но и затоа што е сиромаштија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР влезе во МНТ: Се истражува работењето на раководството предводено од Дејан Пројковски

Редакција

(Видео) Како се славеше победата на Аргентина во Буенос Аирес

Редакција

(Галерија) ГТЦ блесна во новогодишно руво

Редакција