еМагазин
Image default
Локално

Демолирале кафана и тепале се пред себе

На 24.09.2018 година во 00,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Кучково – скопско во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица, информира МВР.

Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле.

На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.

Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале. Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот.

Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Арачиново не работи оти градоначалникот добил закани по живот

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Скопјанец со „Југо“ удрил во 11-годишно девојче

Редакција