еМагазин
Image default
Македонија

Денеска ќе се повлечат првите вработени кои се роднини на припадници на СДСМ

Денеска ќе се случат првите повлекувања на вработените за кои јавноста оцени дека станува збор за непотизам, и се блиски на партиски припадници на СДСМ, одговори министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски на новинарско прашање во врска со овие вработувања, пренесува meta.mk.

Тој не кажа, конкретно кои се лицата кои ќе се повлечат.

– Главната реформа е што воведуваме Закон за висока раководна служба, која ќе треба да има за цел, деполитизација на институциите. Главната изборна комисија ќе биде составена освен од членови од инститциите, и од надвор. Законското решение ќе биде претставено до крај на февруари. Со него ќе се воведе и бројач на ограничени вработувања на одредено време – рече Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Мајка му на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадинов ќе се повлече од работното место

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патниците од Македонија од утре ќе може да влезат во Холандија без никакви ограничувања

Редакција

Убава вест: Оздравени 396 болни од Ковид-19

Редакција

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот

Редакција