Сончево и релативно топло време за овој период од годината нè очекува денеска во земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.
Во Скопје времето ќе биде главно сончево со услови за слаба магла во утринскиот период. Температурата во главниот град ќе се движи во интервал од -3 до максимални 11 степени Целзиусови.
Стабилното време ќе продолжи и во понеделник претпладне, а во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер поради што од попладне врнежите во западните делови и на крајниот исток од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.