еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Денеска во Тирана Самит Западен Балкан – ЕУ

Во главниот град на Албанија, Тирана денеска се одржува Самитот за Западен Балкан – Европска Унија на кој ќе се разговата за миграцијата, како и за соработката и последиците од руската војна врз Украина.

Според податоци на Агенцијата за заштита на границите на ЕУ (Фронтекс) во првите 10 месеци од годината регистрирани се повеќе од 120.000 нелегални гранични премини долж така наречената мигрантска западнобалканска рута.

Европска комисија вчера побара засилување на граничните проверки во регионот, депортирање и воведување на визи за државјаните кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.

На Самитот во Тирана ќе се разговара и за последиците од војната во Украина, вклучително и санкциите на ЕУ кон Русија и интеграцијата на регионот во внатрешниот пазар на ЕУ, на пример, со намалување на таксите за роаминг на мобилни телефони.

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора имаат аспирации за влез во ЕУ. Пристапните преговори со Македонија и Албанија официјално почнаа во јули, откако првпат аплицираа во 2004 односно во 2009 година, а Босна и Херцеговина во 2016 година.

Земјите-членки на ЕУ неодамна го поддржаа безвизниот режим за Косово од 2024 година, и се чека одлуката да биде одобрена од Европскиот парламент.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку хуманитарни зони на паркинзите во Штип ќе се собираат пари за ранливи категории и итни случаи

Редакција

Американската војска не нарече „Северномакедонци“, па се извини

Редакција

Нови 721 случаи на Ковид-19 од 3.816 тестирања

Редакција