Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за бруто-домашниот производ – трошочен метод во кој се прикажани трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата според класификацијата на индивидуалната потрошувачка по намена.
Податоците откриваат зголемување на средствата што македонските граѓани ги одвојуваат од семејните буџети за набавка на наркотици. Имено ако во 2003 трошоците за наркотици изнесувале 444 милиони денари или 0,2 отсто од БДП според трошочниот метод, во 2015 година оваа сума пораснала на 2,1 милијарда денари, што е 0,6 отсто од БДП според трошочниот метод.
Ваквите бројки не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека Министерството за внатрешни работи постојано има акции за апсење на наркодилери, а често се откриваат и поголеми пратки дрога.
Година Трошоци за наркотици/денари
2003 444.000.000
2004 468.000.000
2005 833.000.000
2006 887.000.000
2007 976.000.000
2008 992.000.000
2009 936.000.000
2010 1.019.000.000
2011 1.052.000.000
2012 1.109.000.000
2013 1.604.000.000
2014 1.974.000.000
2015 2.107.000.000