Заклучно со септември, годинава дури 1.011 министерства, општини, јавни претпријатија, обвинителства, училишта и други субјекти кои работат под капата на државата или на локалната управа имале доспеани, а неплатени обврски во вкупен износ од 18 милијарди денари или околу 305 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии.
Меѓу должниците, најмногубројни се македонските општини. Топ пет најзадолжени општини се следниве:
1.Општина Охрид со долг од 970.934.391 денари
2.Општина Тетово со долг од 671.791.747 денари
3.Општина Карпош со долг од 476.010.652 денари
4.Општина Струга со долг од 243.262.062 денари
5.Општина Куманово со долг од 175.348.296 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Топ десет државни должници
Владата на 138. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 18 милиони денари
МВР на 51. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 73 милиони денари