На 05.11.2018 година околу 19,15 часот било пријавено дека во Гостивар, 17 годишнa девојка од село Здуње, гостиварско, бегајќи од кучиња-скитници, паднала во водите на реката Вардар во близина на мостот.
Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се мерки за проноаѓање. Во 22,30 часот девојката е пронајдена почината во близина на мостот во село Балиндол, гостиварско.
Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште
Девојче од Гостиварско се удави во Вардар, бегајќи од куче скитник
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.