Согласно препораките на Владата, објавуваме Листа на дијагнози на хронични состојби, согласно која се утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби.
1.1. Хронични респираторни заболувања:
–ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
–Астма – J45
–Интестицијална фиброза – Ј84.
1.2. Тешки кардиоваскуларни заболувања:
–Срцева слабост со EF<40
–Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
–Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
–Тешка аортна и митрална стеноза
–Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
–Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
–Длабока венска тромбоза до 3 месеци.
1.3. Дијабетес мелитус:
–Дијабетес тип I – инсулин зависен
–Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ.
1.4.Сите малигни заболувања – C00-C97
1.5.Имунокомпромитирачки состојби:
–Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
–Хроничен нефротичен синдром – N04.9
–Интермитентна хемодијализа – Z99.2
–Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
–Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари