еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Детската кардиохирургија се сели кај Жан Митрев, Чадиковски вели детска хирургија ќе функционира успешно и без него

Детската државна кардиохирургија се сели во болницата „Жан Митрев“, изјави денеска на прес-конференција Венко Филипче во Владата, а истото го најави и во интервју за еМагазин.

– Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, кој што со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната година да се прошири и да ги додадеме и дечињата, кои што со најтешките срцеви болести, досега се лекуваа на Клиниката за детска хирургија – истакна министерот Филипче.

Целта е да се спојат експертизите во државното и приватното здравство, односно да се симне јасната бариера меѓу државните и приватните болници и да се овозможи нашите доктори да може да работат во приватните установи.

Досега овој проект се спроведуваше со странски едукатори, кои најпрво беа од САД, а потоа и од Србија, кои работеа со наши експерти од областа на детската хирургија и ги обучија да работат интервенции во областа на детската кардиохирургија. На тој начин, децата почнаа да остануваат во нашата земја, се надградуваше експертизата на нашите лекари, меѓутоа стануваа недоволни инфраструктурните можности за натамошен развој на оваа струка.

Тој посочи дека со новиот модел дополнително ќе бидат стимулирани и докторите, и медицинските сестри и дека ќе ги споиме експертизите од државното и од приватното здравство. Трошокот на Фондот ќе остане ист, а Министерството за здравство ќе заштеди огромна сума пари, која сега оди кај странските едукатори.

– Ова е еден модел, кој што искрено очекуваме ќе го преземат и околните земји. Има огромен одлив на кадри во странство, со тоа се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција до пред некое време, и Косово. Ова се моделите на коишто даваме можност за надградување на знаењето, за развој, нешто што сериозно сметаме дека нашите доктори ќе ги задржи во нашата земја, а на граѓаните ќе им овозможи здравствени услуги, како што и самите во огромен број случаи, бараат навистина добра инфраструктура, која ние до изградбата на новиот клинички центар, во овој момент, за жал, не можеме да ја обезбедиме, потенцираше министерот Филипче.

На новинарско прашање, кој ќе го замени детскиот хирург Владимир Чадиковски на Клиниката за детската хирургија, бидејќи и тој како единствен детски кардиохирург е вклучен во проектот, Чадиковски одговори дека Детска хирургија егзистира 50 години и верува дека и без него ќе функционира соодветно како што функционирала и до сега, со сите постигнати резултати.

„Таа Клиника прави 1.600 операции годишно. Имам голем број на деца кои бараат по неколку операции, ќе гледам тие деца што од мене се оперирани, да дојдам повторно на Клиника и да ги завршам, бидејќи тоа сум го започнал и мислам дека тоа ќе го направам без проблем“, вели Чадиковски.

Во однос на потребата од ангажирање на странски експерти тој додаде дека ако постои потребата, ќе се викнат експерти.

„Се работи за најкомплексна гранка во медицината, се работи за срцеви маани на деца тешки по еден килограм, постојат 180 дијагнози, 240 хируршки техники. Јас бев афирмиран детски хирург дури се прашувам, дали ми требаше да навлезам во ваква проблематика бидејќи е екстремно комплексна“, вели Чадиковски.

За децата кои се праќаат во Бугарија вели дека се деца кои неколку пати се оперирани во Бугарија и се поголеми.

„Мал е бројот на деца кои примарно сме ги пратиле во Бугарија. Кога се бара конзилијарно мислење, Фондот се обраќа до сите приватни институции и тие треба да се изјаснат дали ќе го примаат детето за интервенција“, додаде Чадиковски.

Филипче потенцираше дека, ако се изнуди потребата пациент заради икс причини да не може да се третира овде кај нас, ќе поканат странски експерт, и веќе разговарале со таков од Бугарија.

Прашањето за просторното решение на државната детска кардиохирургија го отворивме лани во еМагазин, во интервју со доктор Чадиковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чадиковски: Нека ми каже некој, кој проект е поважен од третман на 120 бебиња годишно, ќе почекам за Клиника за детска кардиохирургија

Филипче: Треба време за граѓаните да ја вратат довербата во здравството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 25 лица, во Скопје најмногу 12

Редакција

(Фото) Паричката во фамилијата на Мицкоски кај синот Јован

Редакција

Одложете го патувањето за Грција, утре и задутре штрајк на грчките цариници

Редакција