еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров со апел до патниците кои се заглавени на аеродромите да се обратат во конзулатите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров со порака на неговиот фејсбук-профил се обрати до македонските граѓани кои во моментов се во странство, посебно оние кои немаат регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немаат начин како да се вратите дома.

„Се обидуваме да најдеме правилен начин да Ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.

На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени.

Затоа, Ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија.

Емаил адресите на ДКП-та се достапни на сајтот на МНР, mfa.gov.mk (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот).

Потребни податоци:

– име и презиме

– број на патна исправа

– контакт телефон

– земја и град каде се наоѓате

– дали имате регулиран престој во било која странска држава.

Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, Ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март.

Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка и за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство и за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома,“ напиша Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АПЕЛ: Сите што биле во Банско во Бугарија, кое е во карантин, да се пријават кај надлежните

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Димитров: Ве молам не патувајте се откажуваат летови, државите ги затвораат границите

Димитров: Од земјава за помалку од 24 часа заминале 1.331 граѓани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што знаеме за новата опасна варијанта на коронавирусот – омикрон, кој има најмногу мутации досега

Редакција

(Фото) Зоран и Зорица Заеви со кршење јајца го прославија Велигден

Редакција

Комерцијална банка доби довола од КХВ за преземање на Стопанска банка Битола

Редакција