еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири донираше ковалесцентна плазма

Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска на Институтот за трансфузиона медицина донираше ковалесцентна плазма за лекување на пациенти заразени со вирусната инфекција Ковид-19.

Демири ја потенцираше важноста секој граѓанин да покаже општествена одговорност, да помогне во борбата со пандемијата предзвикана од коронавирусот и повика сите кои се во можност да донираат крвна плазма, бидејќи тоа спасува животи.

„Со оглед на големата потреба за крвна плазма, денес решив да донирам ковалесцентна плазма за пациенти заразени со Ковид -19.

Ги охрабрувам сите оние кои се опоравиле од овој вирус, да не се двоумат и да донираат крвна плазма со цел заедно да го надминеме овој предизвик,” потенцираше Демири.

Крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста.

Оваа плазма се користи за лекување на заболените од Ковид -19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Фото: Фејсбук/Демири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем

Редакција

До петок сончево и топло време, од сабота дожд и заладување

Редакција

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска во Алејата на Великаните во Бутел

Редакција