еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за 3, а бензините до 2,5 денари

Бензинот Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар,  Еуросупер БС-98 за два денари, а за три денари, Еуродизел (Д-Е V), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 89 денари за литар, а 91 денар на Еуросупер БС-98. Литар Екстра лесно масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продава за 97 денари, а по 100,5 денари Еуродизел (Д-Е V).

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,668 денари, и ќе изнесува 51,920 денари за килограм.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно со Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,43 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“

Редакција

„Трготекстил малопродажба“ оствари добивка од 920.000 денари

Редакција

Фабрика „Карпош“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на бул. „Босна и Херцеговина“ вреден 149 милиони денари

Редакција