еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари по литар, цените на другите горива остануваат исти

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 84,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95  и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар.

Иста останува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која изнесува 51,599 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на дизелот од РКЕ ја посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар кај дизелот во просек за 0,807 отсто, како и намалената кај бензинот за 0,086 отсто и за 0,065 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за еден ипол, а дизелот за еден денар

Редакција

Повторно прием и испраќање мали пакети и препорачани пратки за САД, информираат од Пошта

Редакција

Собранието на авиобилети ќе потроши 13.000.000 денари

Редакција