еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Беќаровски: Граѓаните кои на почетокот на годината прележале Ковид-19 и кои постеле да не претеруваат со мрсна храна

Покрај граѓаните кои 40-тина дена постеле, и лицата кои на почетокот на годината прележале Ковид-19, да не претеруваат со мрсната храна, јајцата и алкохолот за да немаат проблеми со желудникот, жолчката, панкреасот и црниот дроб, советува доктор Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија за телевизија Сител.

„Сите тие кои прележаа Ковид-19, посебно тие кои имаа малку посериозна клиничка слика треба да сфатат дека на организмот му требаат 3-6 месеци потполно да се опорави и посебно да бидат повоздржани овие празници.

Стресот кој е од самиот Ковид-19 може да им наштети. Често се случува луѓе да дојдат на Клиниката и да викаат дека порано без проблем можеле да испијат 700 милилитри вино и да викаат сега со 1 чаша сме пијани. Луѓе многу често завршуваат со гастроентероколитис“, вели Беќаровски.

Беќаровски предупредува и на внимателност со консумирањето на велигденските јајца. Освен количински, да не се јадат и долго време откако ќе бидат подготвени за да не дојде до труење.

„Обично ние по градските средини ги купуваме по маркетите каде подолго време стоеле и голем дел од нив се на самиот крај од периодот на користење. Сварено јајце може да издржи, но со оглед што веќе се работи за јајце кое долго стоело надвор се препорачува да се изеде во првите 2-3 дена и потоа да се фрли тоа што ќе остане, вели Беќаровски.

Фото: Беќаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот сончево и топло време

Редакција

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи

Редакција

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката во стабилна состојба

Редакција