еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски објаснува кои се најчестите пост-ковид симптоми кај прележаните, кои се повеќе бараат помош по клиниките

Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно пост ковид-19 синдром со различна симптоматологија и тежина, објаснува доктор Нико Беќаровски.

„Отежнато дишење, малаксалост, поспаност, срцева слабост, проблеми со меморија, паѓање на косата, влошување на дијабетот… се само дел од манифестациите на овој синдром.

Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години.

За сигурна превенција од постковид синдром постои само еден 100% лек, да не се заразите. Секој ден се поголем број на вакви пациенти бараат помош по клиниките,“ објаснува на Фејсбук, Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мојсоски: Причина за големата смртност од Ковид-19 е недостатокот на кадар и неорганизиран здравствен систем

Пановски: Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи

Фото: Хелсиншки комитет/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една година помалку затвор за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески: Апелација ги намали казните за „Транспортер“

Редакција

Да се врати веднаш ветото за Македонија, бара Трифонов, чија партија не влезе во новиот бугарски Парламент

Редакција

Македонија за 2 дена веќе има 293 новозаразени со Ковид-19, а ЕУ за да ни ја отвори границата бара под 400 за 14 дена

Редакција