еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил пишува дека прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните.

“За прележаните.

Пред да се појави делта варијантата на SARS-CoV-2, заштитата на прележаните (природен имунитет преку инфекција) од повторна зараза беше слична на таа добиена од добра вакцина (вакцинален имунитет), во зависност од студијата, меѓу 80-95%. Ништо неочекувано.

Исто така се знае дека кај мнозинството на природно имунизирани (посебно тие со потешка слика), IgG антителата кон N протеинот и RBD доменот на spike протеинот се мерливи и по 12 месеци. Исто така мнозинството од нив развиваат хетероген Т-клеточен имунитет.

Сите овие сознанија водат до тоа дека природниот имунитет (прележаност) води до значајна заштита од зараза со SARS-CoV-2, исто како и најдобрите вакцини.

Значи природно имунизираните имаат слична заштита како вакцинално имунизираните со две дози. Природно имунизираните стекнуваат додатна заштита (2-3 пати) кон овој и најверојатно кон идни соеви, доколку се вакцинираат барем со една доза.

Во моите, а и во сечии очи сметам дека природно имунизираните во најмала рака имаат слична заштита од Ковид-19 како и вакцинално имунизираните.

Кога зборуваме за достигнување на колективен имунитет треба да зборуваме за збирот на вакцинирани, вакцинирани-прележани и прележани.

Би сакал да ме едуцира некој од каде излезе ова со 45 дена. Недовербата кон науката се јавува поради политички дејствија, а не научни“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Има прележани лица кои даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле. Кој е тој парадокс?

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, покажува истражување на Институтот за имунологија

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Фото: Кунгуловски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоштво за несреќата на загинатиот планинар на Олимп

Редакција

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир околу 300

Редакција

Ученичка во Скопје направила список со закани за соученици

Редакција