еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Михајлова за протестот за мерките за невакцинираните граѓани: Каде се лекуваат тие за кои докторите се „убијци“?

Синоќа во Скопје се одржа протест против мерките за невакцинираните граѓани, а на истиот докторите беа исвиркани и наречен „убијци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Чадиковски: Зошто не се протестира пред болниците со болни од Ковид, може ќе ги убедат дека не се болни!

„Стоп за присилната вакцинација“: Во Скопје се протестираше против мерките за невакцинираните граѓани

На Фејсбук реагираше Д-р Марија Михајлова од ПЗУ Семед.

“Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот.

Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирусот. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.

Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?

Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не…

Но, не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова вољја.

Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите“, напиша таа.

Фото: Фејсбук/Михајлова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе поднесе оставка на 3 јануари

Редакција

Во Македонија живот не вреди ни пет пари

Редакција

Нови 46 случаи на Ковид-19 од 378 тестирања

Редакција