еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Николов: Ако не ја забрзаме вакцинација, ризикуваме четвртиот бран да биде голем и да имаме зголемен број на починати

Доктор Игор Николов од Клиниката за нефрологија за емисијата „24 Отворено“ на телевизијата 24 рече дека во поглед на состојбата со Ковид-19, Македонија се наоѓа во речиси слично сценарио споредено со лани ова време.

“Ова ми личи на слично сценарио што ни се случи минатата година. Лани во овој период мислевме дека сè е под контрола и дека нема потреба од нови мерки.

Сите сме сведоци дека дискотеките се преполни со луѓе. Би предложил до Комисијата за заразни болести да бидат попрофесионални и во неа да се вклучат луѓе експерти од сите медицински факултети од земјава.

Исто така, многу е важно да се забрза процесот на вакцинација. Ние не смееме да дозволиме да ни се случи истото сценарио од лани. Ние треба сериозно да се подготвиме, бидејќи постои потенцијален ризик.

Следејќи го примерот на земјите кои сè уште немаат спроведено вакцинација, а каде е присутен делта сојот, имаме сериозни компликации на болести, вели Николов и додаде дека мораме да го забрзаме процесот на вакцинација и да се опфатат оние вакцинални џепови, каде што ние до сега не успеавме да ги контактираме возрасните лица, неподвижните лица, оние лица кои што немаат пристап до интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

„Доколку не го забрзаме процесот на вакцинација, ние ризикуваме четвртиот бран да биде навистина голем и да имаме зголемен број на починати. Политичарите треба да бидат многу внимателни со нивните изјави и она што е најважно е да не се паничи, туку да се подготвуваме реално за она што не очекува“, додаде Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за земјоделство Трипуновски стана татко, доби син

Редакција

(ВИДЕО) Д-р Петличковски објаснува колкав е ризикот од реинфекција по прележан Ковид-19

Редакција

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски стана татко

Редакција