Микробиологот и професор на Медицински факултет, Никола Пановски на неговиот фејсбук-профил напиша свое објаснување за најновите одлуки на Владата за носењето на маски. Неговиот пост предизвика огромен број на реакции, споделувања и допаѓања.
Го пренесуваме во целост:
„Главен ризик за инфекција со Ковид 19:
1. Растојание помало од 2 метри.
2. Долг контакт, 20 минути и повеќе.
3. Зборување, кашлање, кивање, пеење за време на контактот.
Заштита: избегнувајте таков вид контакти, ако морате носете маска. Ова се сознанија научно и стручно докажани за сите респираторни инфекции уште пред 100 години, а важат и за Ковид-19.
Ресторан, кафе бар, исполнети сите услови за пренос, особено во затворен простор. Мерка на Владата на РСМ: не треба маска!
Пешачење на Кеј, седење на клупа сам во парк, велосипед: Можен контакт поблиску од 2 метри во траење од 1 до 5 секунди. На пољана, планина, нива, можен контакт на дистанца од 10 метри. Мерка на Владата на РСМ: Задолжително носење маска.
„Кој не полуди тој не е нормален”. ЈАС ПОЛУДЕВ, ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СУМ НОРМАЛЕН?“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма