Во интервју за ТВ 24, доктор Никола Пановски вели дека мерките на власта за справување со четвртиот бран на Ковид-19 се нелогични и задоцнети и дека одговорноста за состојбата со пандемијата е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници.
– Прво, ако сакате нешто да спречите, мерките не ги носите по две недели и овозможувате во тие две недели да се шири болеста.
Второ, во врска со прележаните, апсолутно тие се многу позаштитени. Има прележани лица кои ми пишуваат дека даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле (бидејќи не се вакцинирани).
Кој е тој парадокс? Моментално имаме 3.000 активни случаи, а за три недели тие 3.000, се надевам сите или голем број, ќе бидат оздравени. Ниту еден од нив нема да смее да влезе во кафуле. Тоа е парадокс.
Трето, една доза не штити. Значи, на забава може да се соберат три момчиња – две да се вакцинирани, а едно да не е. Невакцинираното момче може да оди да се вакцинира и по пет минути да влезе во кафулето. А, имунитетот ќе го добие во октомври. Ова е уште една нелогичност.
Четврто, ако имате 18 години не можете да влезете, а ако имате 17 години и 10 месеци можете да влезете. Матуранти, трета година средно – сите ќе можат да влезат, како тие да не ја шират болеста. А, да не зборувам за помалите од нив, децата.
Ова се тие четири работи кои немаат врска со спречување на болеста. Напротив, дел од нив и ќе овозможат ширење на вирусот, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте