еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: Ковид-19 траеше како и другите пандемии, во Македонија веќе е ендемија – треба анализа на смртноста

Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави минатата недела генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.

Висок број инфицирани по природен пат

Со овој став се согласува и микробиологот Никола Пановски, кој за еМагазин вели дека кај нас во Македонија нема пандемија, ниту епидемија, повеќе е ендемија.

„Од мај годинава практично сме без мерки, здравствениот систем не се оптовари воопшто, се функционира нормално (односно ненормално, ама не заради вирусот).

Тоа се должи на високиот процент на инфицирани по природен пат и релативно високиот процент на вакцинирани возрасни и стари лица,“ вели Пановски.

Според него, во земјите со силни рестрикции каде прележаноста е ниска (Кина, Јапонија, Австралија) и покрај високиот процент на вакцинирани, пандемијата ќе продолжи уште некој период. Тие земји потрошиле огромни средства, жртвуваа и се уште (Кина) жртвува слобода на движење, но факт е дека спасиле многу животи.

На прашањето дали Ковид-19 траеше како и другите пандемии, тој вели дека отприлика времето е тоа.

„Да, Ковид-19 трае колку и другите пандемии, отприлика 2 до 3 години, но не може да споредуваме пандемија во 21 век, со оние во почетокот на 20 от век или порано.

Имено, 8 милијарди жители, огромен број на постаро население, имунокомпромитирани кои порано умирале, а сега живеат подолго и конечно. На еден голем аеродром (Истанбул на пр.) дневно се сретнуваат десетици илјади лица од цел свет.

За тоа да се случи во 19 век, требало 100 години да поминат,“ додава Пановски.

За смртноста треба да се дискутира

Според него, она што изненади од Ковид-19, тоа е смртноста.

„Секако смртноста изненади, беше висока во некои земји, но се согласувам дека за ова треба да се дискутира (смртност со или од Ковид).

Треба анализа кај нас, имаме болници со 9% смртност и со 90% на хоспитализирани, просекот е 54,7%!!! Во светот овој процент е многу понизок, дури и во послабо развиени земји и се движи помеѓу 20 и 30%,“ вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како за Бајрам така и за Велигден: Денеска бесплатно шишање на деца во берберница „Шогун“ во Охрид

Редакција

Немаш што да облечеш? Купи си онлајн на Fashion group

Редакција

Нови 1.402 случаи на Ковид-19 од 3.978 тестирања

Редакција