еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Досега низ светот се поделени повеќе од милијарда дози вакцини, во сиромашните земји дистрибуирани само 0,3%

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денеска изјави дека во светот се дистрибуирани повеќе од милијарда дози вакцини, но 82 проценти од вакцините се дадени на земјите со висок или средно-висок стандард.

Директорот на СЗО реч дека само 0,3 проценти од вакцините биле дистрибуирани во земји со ниски приходи.

– Тоа е реалноста, рече Тедрос на онлајн здравствена конференција, организирана од Португалија.

Тој додаде дека пристапот до вакцините е „еден од најголемите предизвици на пандемијата“ и оти јавното здравје е „основа на социјалната, економската и политичката стабилност“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: „Супермен не може да ги допрегледа и згрижи сите илјадници новозаразени од овие денови“

Редакција

Влада: Наставата и оценувањето во училиштата и факултетите продолжуваат со електронска комуникација

Редакција

Нема новогодишна еуфорија во Струга

Редакција