Драги Рашковски поднесе оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.
„За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност.
Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа“, пишува меѓудругото во оставката која Рашковски ја објави на „Фејсбук“.
Тој порачува вистината да се провери преку институциите.
„Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично.
Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест,“ пишува Рашковски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка
Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е од 12 април.
Антикорупциска комисија, кога е во прашање Рашковски, пред извесно време отвори предмет за случајот „Леонардо“ и набавката во претпријатието за воздухопловна навигација М-НАВ, како и за софтверот за МВР, а под лупа го стави и неговиот имотот.
Истрага за набавката на софтверот за МВР отвори и Јавното обвинителство.
Рашковски изминатиот период беше актуелен и поради одморот во Мексико, а медиумите објавија и дека вози џип, кој наводно не го пријавил во Антикорупциска, како и информацијата дека градел хациенда во Побожје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска
Алсат М: Рашковски ќе гради супер-хациенда во Побожје, како инвеститори се водат неговите деца
Отидов на одмор со семејството во Мексико, оти е многу евтино, вели Рашковски за ТВ 24
Обвинителството отвори предистрага за Рашковски
Фото: Влада