еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Драстична промена: Од попладне облачно со дожд и снег

Од пладне се очекува промена на времето и синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста на запад и север, а веќе во вечерните часови врнежи од дожд на пониските места и снег на планините.

Во Скопје денеска ќе биде променливо со мала до умерена облачност. Веќе од попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 18 степен.

Облачно, ветровито и врнежливо време ќе преовладува до утре до средината на денот. На планините и на некои повисоки места особено на запад ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој најизразен ќе биде утре претпладне, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо со благ пораст на температурата, а во четврток ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Американската амбасадорка Брнз со сопругот во посета на „Лајка“

Редакција

(Фото) Силјановска за прв пат во кампањата ги покажа сопругот и ќерката

Редакција

Вкупно 12.149 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, 20 починале

Редакција