еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дури 5.428 работодавачи доцнат со исплата на плати

Од Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информираа дека според нивната анализа за периодот од јануари до крајот на септември 2023 година, дури 5.428 работодавачи доцнат со обврските за МПИН-пресметките што фирмите треба да ги достават до УЈП за уплатата на придонеси и исплата на нето-платата.

Од оваа бројка, 700 работодавачи не дале плата од почетокот на годинава, а 1.912 доцнеле повеќе од еден месец.

Најголем дел од фирмите кои доцнат со овие обврски се од угостителската дејност, товарен и патен транспорт, адвокатски дејности, одржување и поправка на моторни возила, фризерски салони и салони за убавина…

Најголем број доцнења има кај 1.552 даночни обврзници од Скопско, а 754 се од Полошкиот Регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќето машки, 22 лица се со хронична и здравствена состојба, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Укинување на маските во затворен простор, со неколку исклучоци, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“

Редакција